Сите тајни на шоуто „Твоето лице звучи познато“ - Добрите односи се само претстава за публиката
- Детали
- четврток, 06 ноември 2014
Навидум совршеното шоу „Твоето лице звучи познато“ постигнува сè поголема популарност, а со тоа и интересирање што се случува зад сцената.
Српски Блиц неодамна реши малку подлабоко да ја истражи приказната за одличните односи помеѓу натпреварувачите, смеењето и играта, кои очигледно се само претстава за публиката.
Екипата присуствувала на една од пробите и се уверила дека кога камерите ќе се исклучат ситуацијата е потполно различна.
„Најгласна е Неда. Освен што е најголема ѕвезда помеѓу натпреварувачите, сака постојано тоа сите да ѝ го нагласуваат. Тешко се носи со годините, па често ги критикува помладите колешки. На една и замерува за пеењето, на друга за костимот, на трета за имитацијата... Најостра е кон Катарина, на која во повеќе наврати ѝ искоментира: Малечка, што ќе ти е ова? Имаш само 16 години. Дали си се запрашала како ќе те гледаат луѓето? Не е ова за тебе...“ раскажува едно лице од тимот на ова шоу.
Тој додава и дека Неда не е единствената која негативно ја коментира младата Катерина.
„Повеќето учесници ја доживуваат Кача како најголема конкуренција. Гледачите ѝ се наклонети, а и жирито. Секогаш добива најдобри коментари. Иако шоуто е од хуманитарен карактер, сите сакаат да бидат први и свесни се дека Кача е најблиску до победата. Сите ѝ се плашат,“ раскажува изворот.
Освен Катарина, изгледа на „црната листа“ е и нашата Елена.
„Снимивме 6 епизоди, а гледачите видоа 4 од нив. Сите ја пофалија Елена дека одлично ја изглуми Џеј Ло, а Неда по обичај имаше посебен коментар: Подобро јас да ја глумев Џеј Ло, а не постојано да бидам маж.“
Покрај тоа, нашата Елена очигледно е дека ужива статус на вистинска ѕвезда, затоа што продуцентите ѝ го финансираат превозот за пробите и настапите. Како останатите натпреварувачи реагираат на тоа, сè уште не се знае.
Единствено Бане Мојиќевиќ важи за скромен натпреварувач кој никогаш не доцни на пробите и нема никаков проблем со улогите кои му се доделуваат.
„Тој најдобро се забавува и не е оптоварен со победата,“ заклучува изворот.