Принцот Вилијам се откажува од престолот за да ја спаси бремената Кејт?!
- Детали
- четврток, 06 ноември 2014
Таблоидот Globe објави неочекуван трач поврзан со кралското семејство за тоа дека принцот Вилијам го одбил предлогот на кралицата Елизабета да го преземе кралскиот престол.
Наместо принцот Чарлс да ја добие оваа понуда како нејзин син, таа го одбрала постариот внук Вилијам.
Но, како што пренесува таблоидот, Вилијам веќе ја известил кралицата дека не го сака престолот бидејќи смета дека така Кејт би се нашла под лупата на кралското семејство поради „нарушување на традиционалната хиерархија во монархијата“.
Покрај тоа, се наведува и дека Камила, сопругата на принцот Чарлс, веќе подолго време „ментално ја злоставува“ Кејт.
Кралсаката титула, Вилијам му ја препушта на својот татко, кој е среќен што го добива она што одамна го посакува. - пишува Globe.