Актери кои заради улогите се променија до непрепознатливост
- Детали
- понеделник, 13 октомври 2014
Актерите можат во потполност да се трансформираат, со цел поверно да го прикажат ликот кој им е доделен. Токму затоа, некои трпат екстремни промени.
Ова е листата на актери кој најуспешно го променија својот изглед:
Jake Gyllenhaal - Пред 3 години тој оформи мускулесто тело за филмот Prince od Persia, по што кон крајот на 2013-та година се појави ославен до непрепознатливост. Во филмот Nightcrawler ја има улогата на амбициозен новинар, кој лично го доживеал како претерано слаба личност, заради што и самиот се трансформирал.
Matt Damon - За филмот The Informant накачи цели 20 килограми, додека за улогата во филмот Courage Under Fire беше толку слаб, што дури и здравјето му беше загрозено. Откако повторно требаше да се доведе во топ форма за неговиот следен филмски проект Elysium, тој призна дека со годините, трансформациите му стануваат сè потешки.
Jared Leto - За филмот во кој имаше улога на ХИВ позитивен трансексуалец, тој беше должен да ослабе цели 23 килограми. За да дојде до тежина од само 50 килограми, Jared едноставно престанал да јаде. „Тоа го менува начинот на кој одите, на кој седите и на кој размислувате,“ изјави тој.
Anne Hathaway - Првата номинација и победа за Оскар бараше голема жртва од оваа девојка. За улогата на проститутка, таа ослабе цели 17 килограми. Нејзината диета се состоела од 2 коцки паста од овесни снегулки дневно. „Гледајќи наназад, целото искуство беше лудо,“ изјави Anne набрзо по снимањето на филмот.
Matthew McConaughey - Познат по своето совршено обликувано тело, вистински шок беше кога Matthew се појави како ХИВ позитивен зависник, за кој морал да ослабе 20 килограми. „Тежината ја изгубив на здрав начин. Јадев свежа риба и мали порции, не се изгладнував,“ изјави актерот кој доби Оскар за оваа улога.
Charlize Theron - За да одглуми вистинска, просечна жена во филмот Monster, таа требало да се здебели најмалку 15 килограми. „Имам атлетска градба и не можев да ја играм таа улога со ова тело. Требаше да се трансформирам за да изгледам автентично,“ изјавила Charlize која за оваа улога доби Оскар во 2003 година.