Сестрата на Џорџ Клуни непрепознатлива на неговата свадба
- Детали
- среда, 01 октомври 2014
Меѓу гостите на венчавката на Џорџ Клуни и Амал Аламудин била и неговата сестра Аделина Зејидлер која сигурно нема да ја препознаете.
Таа е позната и како Ада Клуни, но нејзиниот стил воопшто не потсетува на нејзиниот брат. Сепак, тоа не е за осудување, секој има свој начин на живот и тоа не значи дека не може да биде дел од најзначајниот ден на нејзиниот помал брат Џорџ.
Пречекана е од него на еден од бродовите и одведена до хотелот каде ги пречекале и нивните родители Ник и Нина Клуни.
Ада работи како книговодителка во Кентаки, каде што живеат и нејзините родители, а има и две деца.
Во едно претходно интервју таа открила дека не била на првата венчавка на Клуни во 1989 година со глумицата Талија Балсам, бидејќи за тоа дознала од весниците.
Го нема бројот од мобилниот на својот брат, за во случај да не го изгуби, па некој да го злоупотреби, а најчесто комуницираат со мејлови.
Се гледаат еднаш годишно, кога тој доаѓа во посета на нивните родители.
Сепак, тие се возрасни луѓе кои сами го одбираат начинот на живот и комуникација, но семејната поврзаност е она што прави да бидат заедно во ваквите најзначајни моменти.