Научно докажано: Ова се ѕвездите со најсовршени гради
- Детали
- среда, 24 септември 2014
Врз основа на специфична формула, пластичниот хирург Патрик Малучи пресмета дека најидеално деколте имаат Кели Брук, Скарлет Јохансон, Кети Пери, Кејт Мидлтон, Миранда Кер и Меган Фокс.
По пресметките на овој угледен британски хирург, идеално е ако жената, изразено во проценти, над линијата од брадавицата има 45, а под 55 проценти од градите.
Тука многу важен е аголот од 20 степени, под кој се насочени брадавиците, а токму таква насока имаат градите на Меган Фокс, Кети Пери и Миранда Кер.
Според овие пресметки, Ким Кардашијан има деколте со однос 55:45, Бритни Спирс 50:50, а Ријана има гради со однос 35:65.
За овие тврдења да добијат тежина, анализата на Патрик ја потврдија околу 1.300 жени, кои како совршени гради ги истакнаа оние на Кели Брук и Скарлет Јохансон.