Кавги, омраза, навреди: Познати кои не се поднесуваат
- Детали
- четврток, 11 септември 2014
Многу од славните не се поднесуваат и избегнуваат кога и да можат. Дел од нив се скарале заради различните ставови, дел заради неуспешен заднички проект или пак заради искрените зборови кажани во лице.
Која и да е причината, овие познати не се поднесуваат:
1. Шенон Доерти и Алиса Милано
Шенон ја бие глас дека е тешка за соработка, па не е чудно што Алиса Милано одбива да работи со неа. Шенон е отпуштена од серијата Charmed и од тогаш се претпоставува дека од тогаш не се поднесува со својата колешка.
2. Кевин Смит и Брус Вилис
Кевин Смит и Брус Вилис буквално војуваат. Заедно работеа на филмот Cop Out, а за време на снимањето постојано била присутна нетрпеливост. Кевин се пожалил дека филмот е напорен, а Вилис тежок за соработка. Брус му возврати со краток коментар - плачко!
3. Ник Нолти и Џулија Робертс
Ник и Џулија заедно работеа на само еден филмски проект, во кој недостатокот на хемијата помеѓу нив беше јасно видлив. Џулија изјавила дека тој е потполно одвратен, а Ник дека таа не е добра личност. До ден денес нивните односи се останати нерасчистени.
4. Вилијам Болдвин и Шерон Стоун
Вилијам и Шерон се појавија како пар на филмското платно, но зад камерите имала толкава тензија што Шерон дури го гризнала Вилијам за јазикот толку силно што не можел да зборува како што треба неколку дена. Филмот не помина баш најдобро, токму заради недостатокот на хемија помеѓу нив.
5. Бил Мари и Луси Лу
Се прашувате зошто Бил Мари не се појавува во продолжението на Charlie’s Angels? Бил и Луси Лу толку се расправале што тоа било доволно за да не го ангажираат во следниот дел. Бил Луси ја нарекол лоша актерка пред целата екипа. Луси ова не го прифатила најдобро, па членовите на екипата морале да ги раздвојат.
6. Мараја Кери и Ники Минаж
Кога Мараја Кери и Ники Минаж биле одбрани за жири на американскиот Идол, сите биле воодушевени. Но, овие две музички диви се замразиле во текот на снимањето. Нивните расправии со задоволство ги покажуваа и пред камерите, па делува дека никогаш нема да ги средат односите.