Фустанот за кој ќе се зборува долго - Џеј Ло блескава и секси на MTV VMA (фото)
- Детали
- понеделник, 25 август 2014
Иако има 45 години и е мајка на две деца, таа изгледа подобро од многу помлади девојки од неа. Со затегнато тело, негувана сјајна кожа и младешки изглед, што и да облече ѝ стои совршено.
Но, кога ќе одбере нешто дополнително провокативно, разголено и секси, веќе сфаќате зошто сè уште е една од најактуелните ѕвезди и забележана е каде и да се појави.
Во долг сребрено блескав фустан, дизајниран од Charbel Zoe, со висок шлиц на левата нога, целиот од светкав материјал прекриен со кристали изгледа неодоливо, стилски и софистицирано на црвениот тепих на MTV VMA 2014.
Дополнително, кога ќе го погледнете горниот дел со сите линии кои се прекрстуваат по нејзиното тело и колку што ја покриваат, толку повеќе и ја откриваат, прават целото внимание да ви биде насочено на секое нејзино движење.
Погледнете го блескавото издание на Џенифер Лопез: