Нозете на Хајди Клум никогаш не изгледале подобро (фото)
- Детали
- понеделник, 11 август 2014
Хајди Клум упорно одбива да им дозволи на годините да се покажат на нејзиното тело.
41-годишната германска манекенка и успешна жена, неодамна покажа модна комбинација која докажа дека секогаш „помалку е повеќе.“
Иако неодамна зачекори во 5-та деценија од животот, Хајди и понатаму гордо ги истакнува затегнатите нозе во кратки здолништа и високи потпетици.
Нејзиниот едноставен, а сепак секси комплет ги освои сите погледи, додека моделот чекореше кон еден ресторан во Сохо.
Кожното кратко здолниште идеално се вклопи со едноставните чевли и чантата, а Хајди се одлучи и за лесна марама преку рамениците. Елегантата комбинација ја надополни со авијатичарски очила.
Со природна коса и очигледно блага шминка, таа изгледа многу помлада отколку што е.
Уште едно достојно појавување за најпосакуваниот германски модел во светот: