Прв ден „Пивофест“: Даниел Кајмакоски со еуфоричен настап (фото)
- Детали
- петок, 18 јули 2014
По дванаесетти пат започна најголемиот македонски фестивал на пивото, „Пивофест“ Прилеп. Се одржува од 17-ти до 20-ти јули и се очекува повторно да ги сруши сите рекорди на испиено пиво, изедена храна, многу туристи и одлична забава.
Она што ја гарантира добрата забава, започна уште на отворањето, кога на сцената се појави новиот миленик на македонската публика, Даниел Кајмакоски.
Незаборавен пречек, многу овации, аплаузи и солзи радосници. Огромната сцена од сите страни заобиколена со многубројните негови обожавателки кои едвај чекаа да го допрат.
Даниел не се штедеше ниту во изведбата на песните, ниту во комуникацијата со публиката, па се обидуваше постојано да е до нив.
Одлично ја загреа атмосферата, предизвика вистинска еуфорија и никого не остави рамнодушен.
Покрај него настапија и Joke - француска хип-хоп група, The Toasters - ска бенд од Менхетен, САД, слични на нашите „Суперхикс” и DJ Nastia Zoloto & First Entertainment кои со сценскиот настап буквално ги воодушевија сите и направија Прилеп да изгледа како вистинска светска денс сцена.