Како е да се биде дел од турнејата на Бијонсе и Џеј Зи (фото)
- Детали
- четврток, 17 јули 2014
Музичката турнеја на најмоќниот музички пар започна на крајот на минатиот месец, а ќе продолжи до средината на септември, до кога ќе бидат посетени околу 20 градови.
И покрај многубројните шпекулации за наводен развод на Бијонсе и Џеј Зи кои го сокриваат само заради турнејата, на сцената има неверојатна нежност и енергија истовремено.
Визуелните ефекти, големите музички хитови и суптилното раскажување на љубовната приказна на Бијонсе и Џеј Зи е она за што фановите присуствуваат.
Сценските настапи се повеќе од драматични, костимите добро осмислени, а Бијонсе и Џеј Зи никогаш не изгледале помоќно.
Замислете си да бевте во некоја од овие сали и да уживавте во некоја од овие глетки...