Првата насловна страна на принцот Џорџ во чест на првиот роденден
- Детали
- четврток, 10 јули 2014
Во подготовките за првиот роденден на британскиот престолонаследник, принцот Џорџ, магазинот Vanity Fair му ја подготви неговата прва насловната страна.
Сите детали од првата година на малиот принц Џорџ ќе бидат главна тема на популарниот магазин кој одлучил на својата насловна страна за месец август 2014 да објави фотографија од Џорџ, Кејт и Вилијам.
Така, сите читатели ќе имаат можност да откријат дека принцот Џорџ првите неколку месеци бил постојано гладен, дека со месеци не можел да воспостави ритам на спиење, како и дека заради тоа родителите биле во долга недоумица дали да ја прекинат првата австралиска турнеја.
Погледнете ја неодоливата насловна страна на најмладиот принц за која зборува целиот свет: