Некои знаат кога е доста: Ова се најдобрите пластични операции во Холивуд

Многумина ја користат пластичната хирургија која им помага за да ги скријат недостатоците или да променат некој дел од својот надворешен изглед. Додека некои претеруваат и престануваат да личат на себе, некои од холивудските ѕвезди точно знаат кога да запрат и да го задржат она што треба.

nekoi-znaat-koga-e-dosta-ova-se-najdobrite-plasticni-operacii-vo-holivud-001.jpg

Тие само минимално ги менуваат недостатоците, ги истакнуваат убавите црти и знаат како да се носат со тоа за воопшто да не се забележи дека нешто менувале.

Ова се дел од најуспешните пластични операции на холивудските дами:

Скарлет Јохансон

Скарлет е совршен пример која како помлада имала поголем и подуен нос, на кој направила минимална корекција со тоа што не му го сменила целосно изгледот туку само го намалила. Така, ги задржала цртите, а има нос кој ја прави уште поубава.

nekoi-znaat-koga-e-dosta-ova-se-najdobrite-plasticni-operacii-vo-holivud-1.jpg

Лејди Гага

Повеќепати изјавила дека нема никогаш да направи пластична операција, но очигледно е дека тоа го направила. Нејзиниот нос е значително помал денес во однос на тоа како ѝ бил пред неколку години. Сепак, промената не е доволно голема за да изгледа вештачки или неприродно.

nekoi-znaat-koga-e-dosta-ova-se-najdobrite-plasticni-operacii-vo-holivud-2.jpg


Џенифер Лопез

Уште една славна ѕвезда која имала проблем со носот, но и таа одлично се справила. Нејзиниот мал, совршен и прчест нос изгледа совршено природно и одлично се вклопува на нејзините црти на лицето. Кој не се сеќава како изгледала на почетокот на кариерата, нема ни да забележи дека направила операција. Не е родена со совршен нос, но знаела колку е доволно добро.

nekoi-znaat-koga-e-dosta-ova-se-najdobrite-plasticni-operacii-vo-holivud-3.jpg


Џенифер Анистон

Поголема промена на носот се забележува кај Џенифер Анистон . Таа дури двапати го оперирала носот за да го постигне она што го наумила. Но, успеала да остане умерена и тоа да изгледа сосем природно.

nekoi-znaat-koga-e-dosta-ova-se-najdobrite-plasticni-operacii-vo-holivud-4.jpg


Блек Лајвли

Како тинејџерка имала прилично голем и месест нос. Иако со операцијата направила навистина голема разлика, тоа очигледно го направил врвен хирург, бидејќи и новиот нос одлично се вклопува на нејзините црти на лицето. Изгледа потполно природно и убаво.

nekoi-znaat-koga-e-dosta-ova-se-najdobrite-plasticni-operacii-vo-holivud-5.jpg

Кејт Хадсон

Русокосата глумица има природно мали гради што може да се види од нејзините поранешни фотографии. Таа одлучила со помош на хирург да направи промена во 2009 година и да вгради силикони, но тоа го направила сосем незабележливо и без драстична разлика за да не изгледа вештачки и пластично.

nekoi-znaat-koga-e-dosta-ova-se-najdobrite-plasticni-operacii-vo-holivud-6.jpg

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Славни жени кои отворено зборуваа за траумата од нивните спонтани абортуси Меган Маркл откри дека имала спонтан абортус додека го држела својот син Арчи, к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg