6 богати ѕвезди кои живееле во екстремна сиромаштија

Сите кои веруваат дека за да живееш луксузно треба да се родиш богат - грешат. Овие славни личности го докажаа токму тоа.

6-bogati-zvezdi-koi-ziveele-vo-ekstremna-siromastija-01

Многу од нив не знаеле што е кавијар, никогаш не виделе облека со потпис на Диор, ниту пак знаеле како изгледаат егзотичните плажи.

Еве кои ѕвезди признаа дека живееле во неподнослива сиромаштија:

Сара Џесика Паркер

Тешко е да поверувате дека модната критичарка и колумнистка Кери Бредшо имала сиромашно детство, заедно со 7-те свои браќа и сестри.

- Бевме препуштени на милоста на луѓето. Многу добро се сеќавам дека бевме сиромашни. Немам потреба тоа да го сокривам. Понекогаш немавме струја, понекогаш немавме Божиќ или роденден, а понекогаш ни го исклучуваат телефонот. Мајка ми тоа најтешко го прифаќаше - изјавила во едно интервју.

Денес, нејзиното богатство се проценува на 90 милиони долари.

6-bogati-zvezdi-koi-ziveele-vo-ekstremna-siromastija-02


Леонардо ди Каприо

Леонардо денес ужива во јахти и приватни авиони, но пред да се пробие во Холивуд, тој бил едно сиромашно детенце кое живеело во Лос Анџелес.

Дрогата и проституцијата му биле секојдневие, но за среќа не го одбрал тој пат.

Денес, Лео “тежи„ 200 милиони долари.

6-bogati-zvezdi-koi-ziveele-vo-ekstremna-siromastija-04


Том Круз

Том Круз е роден во Њујорк, како дете на електроинженер и учителка. Живеел сиромашно и со огромна доза на смејно насилство. Во еден момент, неговата мајка работела 4 работи за да може да го прехрани семејството.

Том бил многу млад кога започнал да се интересира за актерството, па се откажал од средното училиште за да се посвети на кариерата.

Во 1986 година за прв пат се вброи помеѓу холивудските ѕвезди, а денес има богатство вредно 500 милиони долари.

6-bogati-zvezdi-koi-ziveele-vo-ekstremna-siromastija-03


Хилари Свонк

Оваа добитничка на 2 Оскари израснала во камп куќарка во Вашингтон. Нејзиниот татко ја напуштил додека била мала, па Хилари израснала само со еден родител.

На 15 години Хилари го напуштила училиштето, па семејно се преселиле во Калифорнија за таа да му даде шанса на актерството.

Во 1999 година на Хилари конечно и е понудена првата филмска улога, за која добивала по 75 долари дневно.

Денес, нејзиното богатство се проценува на 40 милиони долари.

6-bogati-zvezdi-koi-ziveele-vo-ekstremna-siromastija-05


Џим Кери

Џим Кери е роден во Онтарио, како најмладо од четирите деца. Го напуштил образованието на 15 години и започнал да работи за да може да го издржува семејството.

Кога неговото семејство конечно застанало на нозе, Џим се заинтересирал да стане стенд-ап комичар.

Иако станал доста популарен, кариерата на Џим Кери тргнала во многу подобар правец од очекуваното. Па така, неговото богатство денес се проценува на 150 милиони долари.

6-bogati-zvezdi-koi-ziveele-vo-ekstremna-siromastija-06


Деми Мур

Таткото на Деми Мур ја напуштил нејзината мајка неколку месеци пред таа да се роди, па била принудена да расте со очувот кој бил алкохоличар. Подоцна, и нејзината мајка тргнала по истиот пат.

Деми го напуштила училиштето и домот на 16 години и се посветила на моделингот. На 17 години ги земала првите часови по актерство.

Денес, има богатство од 150 милиони долари.

6-bogati-zvezdi-koi-ziveele-vo-ekstremna-siromastija-07

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg