Најново од Џеј-Ло: Љубовна романса со жежок модел (видео)
- Детали
- петок, 30 мај 2014
Разголени тела, заведување, прегратки, бакнежи, допири... помеѓу Џеј Ло и жежок машки модел во нова љубовна романса се само дел од сцените за нејзината „прва љубов“.
„First love“ е новиот сингл на Џенифер Лопез за кој сними прилично провокативен видеоспот. Облечена во бел костум за капење, во прегратка на згодниот модел на „Долче и Габана“, Дејвид Ганди, изгледаат неодоливо секси.
Спотот изобилува со провокативни сцени на кои се забележува хемијата меѓу нив. Згора на тоа, за време на снимањето било присутно и нејзиното момче, танчарот Каспер Смарт, кому му било прилично непријатно.
Оваа црно-бела верзија на нејзиниот спот ја враќа во деновите од 90-тите, но ѝ дава и дополнителна уникатност, да се разликува од сите останати кои излегуваат во овој период.
Задоволството од соработката не го кријат двајцата, покрај тоа што се забележува од крајниот резултат, истото го изјавуваат и за медиумите.
Неверојатната поврзаност се забележува и од фотографиите направени за време на снимањето:
Со оглед на тоа што Џенифер често знае да заврши со некој од своите соработници, нема да биде чудно ако наскоро се откријат повеќе детали за нејзината нова љубовна авантура.
Дотогаш, уживајте во нејзиниот најнов спот за синглот „First love“ од нејзиниот најнов албум А.К.А. кој треба официјално да излезе на 17 јуни.