Црногорскиот шминкер на Ким Кардашијан: На венчавката носеше шминка од 5.000 денари
- Детали
- петок, 30 мај 2014
Црногорскиот шминкер Марио Дедивановиќ веќе подолго време соработува со Ким Кардашијан, па беше потполно очекувано токму тој да ја шминка за нејзината свадбена церемонија.
Иако нејзината венчаница чинеше половина милион долари, Ким не користела скапи козметички производи.
Носела трепки од сопствената линија чија цена е околу 1.100 денари и маскара која чини помалку од 2.000 денари. Карминот пак кој го носела не чинел повеќе од 1.000 денари.
Марио за E! News објаснил дека тој и Ким не го испробувале изгледот пред венчавката.
„Ким ми препушти да го правам она што го правам најдобро. Не сакав шминката да биде пренагласена, туку одлучивме да биде нешто природно и безвременски. Сакавме тоа да биде едноставно и класично, а воедно таа да изгледа како ангел.“