Данијела Мартинович гола
- Детали
- недела, 26 јули 2009
Пејачката на фото сесијата носела само морнарска капа, наочари за сонце и бели штикли. На Данијела ова и било прв пат да се слика гола за некое списание.
Откако се појави на една хуманитарна забава во Сплит со многу малку гардероба на себе, таа неодамна одлучи и да се слика гола.
Даниела Мартинович го прославила својот 38 роденден позирајќи гола за списанието FHM. Пејачката за време на снимањето изјавила дека била многу задоволна од фотографиите и дека со задоволство еден ден ќе им ги покажува сликите на своите внуци.
Се зборува дека уредниците мака мачеле која од сликите да ја стават за насловната страница на списанието.
Данијела е во среќна и долгогодишна врска со пејачот Петар Грашо на чија викендица е всушност и направена прекрасната фотосесија.