Актери кои се прославија поради своите познати родители, но докажаа дека имаат и талент
- Детали
- недела, 06 април 2025
Фановите велат дека Анџелина Џоли одамна го надмина татко ѝ, актерот Џон Војт, кој ѝ помогна да стане дел од филмската индустрија.
Непотизмот во светот на славните не е ништо ново и поголемиот дел од ѕвездите се деца на веќе познати личности.
Додека некои од нив добиваат ангажмани само поради славните родители, факт е дека има и деца на познати личности кои сепак се талентирани.
И, заслужено се дел од забавната индустрија.
Кои деца на славни личности се навистина талентирани, според фановите?
Кејт Хадсон
Кејт Хадсон е ќерка на Голди Хоун и Бил Хадсон.
Мајка ѝ е позната актерка, додека татко ѝ беше дел од групата Hudson Brothers.
Родителите на Кејт се разведоа уште во 1980-тите, па таа порасна со мајка ѝ и очувот Курт Расел.
А, Курт Расел важи за еден од најдобрите холивудски актери.
„Кејт Хадсон е одлична актерка. Луѓето не ја сфаќаат сериозно бидејќи има снимено неколку романтични комедии, но е многу талентирана“.
Маја Хок
Маја Хок се прослави со улогата во серијата Stranger Things.
Младата актерка е ќерка на Ума Турман и Итан Хок, а мајка ѝ има изјавено дека пробала да ја спречи да стане актерка.
Но, безуспешно.
„Маја Хок е многу талентирана. Проблемот е што луѓето ја споредуваат со мајка ѝ. Маја уште е млада, но веќе има импресивна кариера“.
Николас Кејџ
Николас Кејџ е дел од „кралското семејство на Холивуд“ – Копола.
Од семејството Копола потекнуваат бројни таленти во филмската индустрија, како режисерите Френсис Форд и Софија Копола.
Николас Кејџ одлучил да си го промени презимето бидејќи не сакал да го поврзуваат со славното семејство и сакал сам да остави белег во индустријата.
„Николас Кејџ дури и си го промени презимето. Тој дефинитивно е актер на кој не му пречи да се соочи со неуспех додека го прави она што го сака“.
Мајкл Даглас
Мајкл Даглас има импресивна актерска кариера, но и тој се пробил благодарение на неговите родители.
Татко му Кирк Даглас е една од најголемите ѕвезди од старите вестерн филмови.
А, актерот очигледно го наследил талентот од него.
„Мајкл ми е омилен актер и е одличен во која било улога! Апсолутна легенда во филмската индустрија“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





