Посвоениот син на Анџелина Џоли и Бред Пит итно пренесен во болница по сообраќајка – си ја повредил главата
- Детали
- вторник, 30 јули 2024
Посвоениот син на Џоли и Пит, Пакс, бил хоспитализиран по сообраќајка со неговиот електричен велосипед. Засега е познато дека имал повреда на главата, но бил во стабилна состојба. Инаку, Пакс е уште едно од децата нa парот кое не го користи презимето Пит.
Пакс, 20-годишниот син на Анџелина Џоли и Бред Пит, доживеал сообраќајна несреќа во Лос Анџелес, по што бил хоспитализиран.
Според TMZ, тој возел електричен велосипед, кога удрил во автомобил и си ја повредил главата бидејќи не носел шлем.
Пакс со неговиот електричен велосипед фотографиран летово
Возачот на автомобилот во којшто удрил Пакс веднаш излегол за да му помогне пред да пристигнат екипи на брза помош и полиција.
Според очевидците, Пакс се пожалил на болка во колкот, а имал и видна повреда на главата.
Наводно, медицинските лица биле загрижени дека има крвавење на мозокот, но не е познато точно со какви повреди се здобил.
Единствено се знае дека состојбата му била стабилизирана и најверојатно бил пуштен дома во понеделникот (29.07) вечерта.
Изминативе неколку месеци, синот на Џоли, кој е уште едно од децата кое се откажа од презимето на Бред Пит, беше забележан со електричен велосипед низ Лос Анџелес.
Но, не било познато дали за време на сообраќајката го возел истиот.
Пакс ретко се појавува во јавност и последен пат беше забележан на почетокот на јули во друштво на мајка му.
Како што спомнавме и Пакс се откажа од презимето на татко му и е во лош однос со него.
Всушност, пред некоја година, тој и јавно кажа што мисли за Бред Пит, со „честитка“ за Денот на таткото:
„Среќен Ден на таткото на овој кретен. Одново и одново докажуваш дека си ужасна и злобна личност.
Немаш емпатија кон твоите четири најмали деца кои се тресат од страв во твое присуство.
Никогаш нема да ја разбереш штетата што му ја направи на моето семејство бидејќи не си способен за тоа. Животите на моите најблиски ги направи пекол.
Можеш да си кажуваш на себе и на светот што сакаш, но вистината еден ден ќе излезе на виделина.
Па, среќен Ден на таткото ужасно човечко битие“, напиша тој во објава на Инстаграм Стори.
Спирова С. | Црнобело