„Грејс од Монако“ го отвори 67-от Кански филмски фестивал
- Детали
- четврток, 17 септември 2015
Со долгонајавуваната премиера на контраверзната приказна за принцезата Грејс Кели, филмот„Грејс од Монако“ го отвори 67-от по ред Кански филмски фестивал.
Овој филм на Оливије Дан и со Никол Кидман во главната улога на Грејс Кели, предизвикуваше контраверзии уште пред неговото прикажување.
Семејството на принцезата од Монако го обвинуваше режисерот дека ја украл семејната историја и наместо да зборува за нејзината кариера, тој навлегува и во нејзиниот приватен живот.
Премиерата не ги воодушеви присутните, но не предизвика ниту некои преголеми негативни реакции и забелешки.
Покрај овој филм, годинава ќе бидат прикажани 18 филмски премиери кои долго се најавуваа и ќе се борат за Златната палма.
Како и секоја година, Канскиот филмски фестивал е централно место за собирање светската филмска и џет-сет елита, па така и годинава може да се забележат едни од најголемите филмски имиња, меѓу кои се среќаваат и актери и режисери.
Она што е значајно за нас е што на 20. мај ќе бидат прикажани и две македонски премиери на филмовите „До Балчак – Приказна од Дивиот Исток“ на Столе Попов и „Деца на сонцето“ од Антонио Митриќески.
За Златната палма ќе се борат 18 филмски дела на легендарни режисери како: Мајк Ли, Дејвид Корненберг, Жан Лик Гордар, Кен Лоуч и други. Жирито кое ја прави селекцијата е предводено од Џејн Кампион која е единствената жена што ја има освоено Златната палма во 1993 година за филмот „Клавир“.
Со нетрпение се очекува и премиера на режисерското деби на Рајан Гослинг со филмот „Lost river“ во селекцијата Извесен поглед.
Дивата Софија Лорен ќе биде почесна гостинка за време на програмата Филмски класици.
Ни претстои уште едно елитно филмско уживање.
Погледнете го треилерот од филмот кој го отвори овогодинешниот Кански филмски фестивал: