Адријана Лима не е ниту со Јариќ, ниту со Кравиц, туку со Џервејз
- Детали
- петок, 09 мај 2014
По информациите за неверството и разводот на најубавиот ангел од „Викторијас Сикрет“, Адријана Лима и познатиот српски кошаркар Марко Јариќ, се ширеа гласини дека таа му се вратила на своето поранешно момче, рокерот Лени Кравиц.
Но, додека секој кажуваше различни информации за тоа кој кого изневерил и што навистина се случило, веројатно секој од нив си тргнал по свој пат.
Лима веќе има добра замена за Јариќ и тоа не го крие. Нејзино ново момче е францускиот диџеј Седрик Џервејз кој живее во Мајами.
Уште пред два месеци, поради повеќе неверства ,Адријана одлучи да го напушти Марко со кој беше во петгодишен брак и ги имаат двете ќерки Валентина и Сиена.
Новото момче Середик го запознала во истата теретана каде што вежбале двајцата. Присуствувала и на музичкиот фестивал Ultra во Мајами, каде што се фотографирале по неговиот настап, а тој ја споделил фотографијата и на Инстаграм.
Подоцна на социјалната мрежа Твитер, Адријана цитирала дел од зборовите на неговиот ремикс хит „Summertime sadness“ кој тој го направил во соработка со Лана дел Реј.
Сè почесто се забележани заедно, но ништо официјално не признаваат додека не се реши целосно разводот со Марко Јариќ.