На Met Gala Џеј Зи ја „запроси“ Бијонсе по вторпат
- Детали
- вторник, 06 мај 2014
За дива како Бијонсе нема сомневање дека каде и да се појави мора да изгледа беспрекорно. Токму затоа, како вистинска ВИП ѕвезда, таа со себе си носи и моден асистент кој се грижи буквално секој раб и секоја линија на нејзиното широко здолниште да биде на вистинското место.
Тој ја мести под вистинскиот агол за фотографиите да изгледаат идеално. Но, кога на Бијонсе ќе ѝ падне прстенот, нејзиниот сопруг Џеј Зи е тука за да го побара и да го врати на место, на нејзината рака.
Облечен во елегантни црни панталони со црни чевли и машна – пеперутка во комбинација со бела кошула и бело елегантно сако , како вистински џентлмен ја води неговата дама по црвениот тепих.
Во моментот кога неа ѝ паѓа прстенотод десната рака, Џеј Зи не чека некој да дојде и да го бара, туку веднаш го забележува, го крева од подот и повторно ѝ го става на прстот, потклекнат како повторно да ја запросува. Бијонсе тоа го прифаќа со широка насмевка.
Романтичен и кавалерски гест кој беше забележан на бројни фотографии и еден од најпренесуваните по светските медиуми.
Погледнете како изгледаше најпознатиот музички пар, кој годинава од 25 јуни тргнуваат на заедничка турнеја од Мајами: