Топ 5 најбогати и славни парови во светот
- Детали
- вторник, 08 април 2014
Овие парови се богати, познати и заљубени, а заедно „тежат“ и по неколку стотици милиони долари.
Веќе претпоставувате кои се најдоа на топ 5 позициите?
5 место: Том Брејди и Жизел Бундшен
Вредност: 390 милиони долари
Том Брејди е спортска легенда, а Жезел Бундшен супермодел кој секојдневно се наоѓа на бројни насловни страници. Парот е во брак од 2009 година и од тогаш до денес тежи нешто помалку од 400 милиони долари.
4 место: Мараја Кери и Ник Кенон
Вредност: 530 милиони долари
Ник е популарен водител, а негова е и емисијата „Америка има талент“, додека Мараја Кери е светски познат вокал.
3 место: Џеј Зи и Бијонсе
Вредност: 820 милиони долари
Познати се како најмоќен музички пар, кој е во љубов од 2002 година. Од тогаш до денес имаат неколку музички соработки и нивното богатство се проценува на 820 милиони долари, од кои се претпоставува дека 2/3 се заработени од Бијонсе.
2 место: Селма Хајек и Франсоа Анри Пино
Вредност: 15.085 милиони долари
Селма е жена израсната во луксуз, а нејзиниот сопруг е сопственик на компанија под која спаѓаат брендовите Гучи и Пума. Поголем дел се наследени пари, така што не е чудо што се наоѓаат на ова престижно место.
1 место: Бил и Мелинда Гејтс
Вредност: 76 милијарди долари
На првото место со импресивни 76 милијарди долари е прочуениот основач на Мајкрософт заедно со неговата сопруга, која е исто така успешен бизнисмен и филантроп.