5 Работи кои ги научивме од True Detective

Минатата недела го гледавме финалето на првата сезона на серијата која ги собори рекордите на гледаност. Серијата во само една сезона успеа да ги помери стандардите кои треба да ги исполни една серија. А ова се работите кои ги научивме од True Detective.

true-detective-S01-about-16x9-2

1. Метју Меконахи го достигна својот врв

Сите го знаевме како исончаниот, згоден тип, кој се шета наоколу со откопчана кошула и крши женски срца. Но, Метју успеа да се трансформира во еден од најинтересните актери во моментот.

Доволен доказ за тоа е оскарот за улогата во брилијатниот Dallas Bauyers Club. Тој не само што ни покажа дека знае да глуми, туку дека е подготвен да го вложи и својот физички изгледа за биде признаен како релевантен актер. Но, во True Detective тој го дава најдоброто од себе. И не само тој, тука е и одличната изведба на Вуди Харелсон.

Секоја чест за холивудскиот ветеран, кој се врати на голема врата на телвизиските екрани.

Сепак мора да признаеме дека ова е серија на Меконахи, конечно целиот труд кој го вложи градејќи се себе како актер се исплатеше. Секоја чест мајсторе.


2. Сезоната не мора да има од тринаесет до двесет епизоди

Благодарение на American horror story, уште една извонредна серија, за публиката станаа прифатливи овој тип на антологиски серии, каде секоја сезона е засебна приказна. Така ќе биде и со True Detectivе.

Со нетрпение ја чекаме втората сезона, која ќе биде посветна на уште едно злосторство врежано во историјата. На жалење на дел од гледачите серијата траеше само осум епизоди, иако сите се сомневаа дека причината за тоа е што приказната не би издржала повеќе епизоди, но тоа се докажа како неточно.

Серијата ни докажа дека врзното ткиво на епизодите е доволно силно, но дека не сме поготвени да ризикуваме да изгубиме од набојот и интензитетот кој едноставно не носи кон главната разврска. Авторот на серијата дефинитивно прво мери па потоа сече и тоа толку на вистинските места.

True Detective е приказна која навистина ги има совршените параметри, ниту нешто е вишок, а ниту пак нешто и недостасува.


3. Сакаш сите да зборуваат за тебе на интернет?

Тогаш комбинацијата на кратки раскази стари еден век, антички непознат град и измислени автори и ти си главаната тема на сите форуми.

Серијата успеа да го разбуди детективот во нас. Од како Меконахи и Харелсон почнаа често да ги споменуваат The Yellow King и Carcosa, сите почнавме да ги пребаруваме овие термини на интернет, со цел да откриеме нешто повеќе.

The Yellow King се кратки раскази стари повеќе од еден век, создадени според истоимената драма која имала со цел да ги полуди луѓето кои ја гледале нејзината изведба, да точно така да ги полуди. А она што успеа серијата е да направи е бестселер од истоимената збирката на Amazon.


4. Ова не е уште една серија, ова е поглед кон животот.

True Detecive ни даде нешто повеќе од случај за разрешување. Во прекрасните зелени, мочурливи полиња на Лузијана  се случи страшно убиство, дело на сериски убиец, по кој двајцата детективи ќе трагаат.

Покрај тоа што цела сезона ја поминавме оспеднати со тоа кој е убиецот, ние навлеговме во душите на главните ликови. Посебно ликот на Раст Кол (Метју Меконахи) кој покрај тоа што уживавме гледајќи го како пие пиво ни го понуди и својот поглед на свет.

Според него животот е рамен кург и ние сме негови вечни заробеници осудени да ги преживуваме нашите животи, повторно и повторно.

Ова е серија која во себе го има потенцијалот да биде следениот Twin Peaks, се надеваме дека поводок е уште едно ремек дело.


5. Работите стануваат 1000 пати поморничави, пострашни и понеизджливи ако се на VHS, видео лента.

Сакале да признаме или не, тоа директно посегнување по минатото снимено на видео лентата е секогаш пострашно. Ама баш секогаш. И е веќе едно од омилените орудиа со кои се служат филмаџиите.

Би можело да ве интересира:

Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
Повторно страсни на јахта: Џорџина во танга бикини, Роналдо не може да ги тргне рацете од неа Искрата во бракот на Роналдо и Џорџина дефинитивно гори, а доказ за тоа се новит...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
Уште еден доказ дека Џон Бон Џови има срце од злато: Спаси жена која сакала да се самоубие (видео) Ја прегрна и ја повлече жената од работ на мостот… Музичарот Џон Бон Џови го пре...
Ева Мендез се откажа од кариерата за да биде домаќинка: „Среќна сум што имам можност да бидам со дец... „Не глумев затоа што глумењето те оддалечува од домот“ – Ева Мендез открива зошт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg