Руското дуо Т.А.Т.У. се раздели со нова песна
- Детали
- вторник, 25 февруари 2014
Руското контраверзно дуо Т.А.Т.У. кое светската слава ја стекна со хитовите „All the things she said“ и „Not gonna get us“, настапуваше на отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи.
Покрај сите коментари и написи дека Олимпијадата е против хомосексуалната ориентација и однос, токму едно такво дуо на две лезбејки кои јавно го истакнуваат тоа уште од нивниот почеток, настапија на отворањето.
Сепак, наместо тоа да биде само чекор понапред во нивната кариера, поради лични расправии ова дуо се распадна само неколку дена подоцна.
Не се знае дали е само шоубиз или има вистина во статусот на Лена која објаснува дека била уценувана од Јулија и нејзиниот тим во однос на креативниот правец во музиката.
Исто така ѝ се заканувала дека ќе ја замаени, па таа одлучува сама да го напушти дуото и сигурна е дека нема да има повторно обединување.
Од друга страна, пак, Јулија лута за објавата на Лена потврдува дека нема да има ре-обединување на бендот, но ќе мора да ги довршат некои почнати работи за кои се врзани со договор.
Само неколку дена подоцна е објавена нивната најнова песна Love in every moment.
Слушнете ја: