Скарлет Јохансон и Кејт Винслет без шминка за Vanity Fair
- Детали
- четврток, 06 февруари 2014
Навикнати сме да ги гледаме во гламурозни тоалети, со совршено исцртани очи и одлично обликувани локни. Но, Скарлет Јохансон и Кејт Винслет за прв пат ја покажаа својата природна, секојдневна страна.
Двете убавици позираа без шминка и фризура, потполно природни, за портфолиото на Vanity Fair Hollywood.
29-годишната Скарлет, без никакво истакнување на усните по кои е светски позната, блесна пред објективот на Клоус, додека бремената 38-годишната Кејт во преден план ја стави одлично негуваната кожа.
Фотографот изјави дека од нив сè што побарал било чисто лице, лежерна и удобна облека и голема доза на природен шарм.
Покрај овие прекрасни холивудски дами, во овој проект учевствуваа и Бред Пит, Џулија Робертс, Опра Винфри и уште 15тина ѕведи.
Без никакви дигитални обработки, фотографиите и официјално ќе бидат достапни за јавноста веќе од следниот месец.