Кои се најнадарените мажи во Холивуд?
- Детали
- вторник, 28 јануари 2014
Според изјавите од бившите и сегашни девојки, соработници и филмски кадри, овие мажи ја зајакнаа својата репутација помеѓу женската публика и стекнаа титула за најнадарени во Холивуд.
Колин Фарел
Сцената со голиот Фарел во филмот A Home at the End of the World е исфрлена од финалната верзија, затоа што критичарите сметале дека тој кадар би бил премногу за гледателките.
Слична сцена е исфрлена и од филмот Александар, затоа што наводно Фарел привлекол огромно внимание со својата големина.
Даниел Крејг
Не знаеме кој бил предусловот за улогата на Џејмс Бонд, но Крејг во едно интервју неодамна откри дека на себе најмногу ја цени својата машкост.
Ако до сега никој тоа не го сфатил сериозно, неговата колешка Џуди Денч која имаше шанса да го види без облека на снимањето на Casino Royale, истата ја опиша како апсолутно чудесна.
Иан Мекгрегор
Ова момче никогаш не чувствувало срам кога требало да се соблече пред камерата, па својата надареност за последен пат ја покажа во филмовите Deception, Trainspotting и The Pillow Book.
Овен Вилсон
Тој само сакаше да ужива со своите пријатели во Перу, но папараците ова излежување на сонце не можеа да го заобиколат. Благодарение на влажните шорцеви на Овен Вилсон, цел свет ја откри неговата надареност.
Дејвид Бекам
Кога се појави рекламата за H&M во која позира во долна облека, се појавија коментари дека неговата надареност е дело на фотошопот. Тогаш верната сопруга Викторија застана во негова одбрана и прокоментира: „Тоа што го гледате - тоа и го добивате!“
Самиот Бекам потоа додаде: „Ми рекоа дека таму не ми бил потребен фотошоп. Мислам дека сум прилично океј.“