Миранда Кер и Лејди Викторија на црвениот тепих се појавија без гаќички
- Детали
- понеделник, 13 јануари 2014
Ексцентричната Лејди Викторија Херви и прекрасната Миранда Кер ги имаа најхрабрите вечерни тоалети на црвениот тепих на Златните глобуси.
На забавата по свечената церемонија, која синоќа се одржа во Лос Анџелес, Миранда и Викторија решија да се појават без долна облека.
Миранда Кер се потруди нејзиниот стајлинг да биде незаборавен. Во сексапилниот фустан за кој не беше потребна долна облека, таа успеа да ги маѓепса сите присутни.
Иако нејзиниот фустан беше далеку побогат со материјал од оној на Лејди Викторија, манекенката не заостана со дозата на екстраваганција.
Фустанот на индиски дизајнер во кој синоќа се појави Викторија ги покриваше само интимните места, па може да се каже дека таа се појави речиси гола.