Ќе се смени ли водителот на X - фактор?
- Детали
- петок, 10 јануари 2014
Уште од најавата, па до појавувањето во првото Live Show како водител, Славко Калезиќ кој претходно беше натпреварувач во групата на Жељко Јоксимовиќ, не престанува да предизвикува коментари.
Повеќето од коментарите се негативни и поради тоа се спомнува негова можна замена со српскиот водител Влада Станојевиќ. Тој за еден од српските портали потврдува дека веќе се радува што го контактирале.
Дел од продукцијата се согласува со нив, а дел сметаат дека тој е одличен професионалец и актер кој треба да се докаже. Дури и Жељко по завршувањето на настапите јавно го пофали и поддржа, како голем талент.
„Морам да кажам дека сум пресреќен и дека ниеден коментар не може да ме уништи. Јас сум глумец, па на тоа гледам и психолошки. Тие се всушност воодушевени од тоа како ја завршив работата и своето воодушевување го покажуваат со негативни коментари. Така зборуваат бидејќи сакаат да бидат на мое место. И Мајли Сајрус има повеќе негативни од позитивни коментари.“ – изјавил Славко.
Во однос на најавената промена тој вели дека никој ништо не му кажал, но доколку се случи тоа, од срце ќе му честита на новиот водител и ќе продолжи со својата актерска кариера, која ниту почнува, ниту завршува со „Х-фактор“.
Што ќе се случи во следната емисија и кој ќе се појави на сцената како водител останува да видиме во вторник од 21 часот на Сител телевизија.