Леонтина како гостин судија на Кристина Ковач во „Х - фактор“
- Детали
- понеделник, 23 декември 2013
Во новата епизода на „Х-фактор“ во куќите на судиите ќе ги видиме натпреварувачите над 27 години во групата на Жељко Јоксимовиќ и натпреварувачите во бендови од групата на Кристина Ковач.
Кристина како своја гостинка судија ја избра долгогодишната пријателка Леонтина Вукомановиќ како врвен музички професионалец со која и Жељко Јоксимовиќ има соработувано.
„Леонтина е вистински избор за гостин судија, кој ми помогна многу за да донесам навистина тешки одлуки. Го ценам фактот што таа е феноменален автор, зад себе има песни со кои многу кариери се изградија и ако ја изземеме стилската разлика која постои меѓу нас, таа е една од ретките жени автори на домашната сцена чија работа ја почитувам. Плус и двете сме Скорпии, што е убиствена комбинација, ќе видите во емисијата!“ – изјавила Кристина Ковач
Какви се коментарите на Кристина и Леонтина, дали бендовите ги оправдаа очекувањата на својата менторка и кои продолжуваат во следната фаза од натпреварувањето ќе дознаете вечерва во новата епизода.
Ова е најавата: