Победничката на британскиот „Х – фактор“ Сем Бејли на турнеја со Бијонсе
- Детали
- понеделник, 16 декември 2013
Овогодинешната победничка на британскиот „Х фактор“, Сем Бејли ќе ѝ се придружи на Бијонсе на нејзината европска турнеја во февруари следната година.
Сем Бејли има 36 години и работи како чувар во затвор во Леичестер. Таа ги доби најголемиот број гласови од публиката.
За време на финалното шоу преку видео бим Бијонсе им соопшти на кандидатите дека победникот ќе биде дел од нејзината турнеја „Mrs. Carter Show“.
Токму Сем е онаа која ќе настапува на иста сцена со Бијонсе, а покрај тоа ќе сними и кавер верзија на песната „Skyscraper” од Деми Ловато, која ќе влезе во трката за најдобар божиќен број 1 хит на британската топ листа.
Уште еден фантастичен вокал и веројатно бројни хитови кои ќе следат во текот на следната година ќе покажат дека можеби ваквите талент шоуа се вистински начин за избирање квалитетни пејачи.
Погледнете го нејзиниот настап на финалната вечер: