- Check if RSS URL is online
- Check if RSS contains items
Првата љубовна двојка во X фактор
- Детали
- понеделник, 16 декември 2013
Судејќи по социјалните мрежи, натпреварувачите на X Фактор минуваат долго време заедно, добро се дружат, па за прв пат таа дружба резултираше со симпатии.
Младен Лукиќ и прекрасната Катарина Манојловиќ ја започнаа љубовната романса во која моментално уживаат!
Талентираниот тромбонист не ја крие среќата што токму на Х Фактор ја запознал девојката која во потполност му одговара, а својот заштитнички однос кон Катерина и своите чувства ги опишува со следните зборови:
„Кога ја запознав Катерина повеќе не ми беше важно каде сум, ниту заради што сум дошол. Повеќе се грижев како таа ќе го поднесе негативниот одговор на жирито, а кога расплакана излезе, мислејќи дека е исфрлена, бев очаен. Верувајте, за време на прогласувањето на резултатите постојано мислев на неа, едвај чекав а излезам и да ја најдам, и покрај тоа што не знаев како да ја утешам. Кога дознав дека јас ја поминав следната фаза, излегов и ја барав насекаде. На крајот ја пронајдов во едно ќоше како плаче, видовте сите. Но, подоцна сè излезе како што посакувавме. Сега снимаме песни и се дружиме... Ти благодарам Х Фактор, навистина го имаш тој Х Фактор да спојуваш луѓе,“ раскажа видно расположениот Младен.