Ким Кардашијан со 25 килограми помалку (фото)
- Детали
- четврток, 12 декември 2013
Само шест месеци по породувањето, Ким Кардашијан со помош на Аткинсовата диета и секојдневно вежбање, ослабе дури 25 килограми.
За новиот број на списанието „US Weekly“ позираше во минимален бел дводелен костим за капење.
Фотографиите кои се гледаат на насловната страница ја покажуваат во речиси идеални пропорции, со оглед на нејзините облини и краткиот период по породувањето.
Но, таа не е воодушевена и смета дека треба да ослабе уште 10 килограми. Некои гласини кои ја разлутија изминатиот период велеа дека нејзиниот изглед се должи на многубројни операции за отстранување на вишокот килограми.
Сепак, Ким тврди дека е многу дисциплинирана во однос на храната и вежбањето и поради тоа се видливи ваквите резултати.
Таа дури и целосно го сменила начинот на исхрана, сметајќи дека како што одминуваат годините и трансформациите на телото при бременоста, не може да продолжи со истиот начин на исхрана.
Внимава на својата линија и се труди да го задржи статусот на една од најзгодните и најженствени старлети.
Еве како изгледа трансформацијата на нејзиното тело низ фотографии