Жизел Бундшен целосно гола за Вог Париз
- Детали
- петок, 08 ноември 2013
Жизел Бундшен се соблече до гола кожа за ноемврискиот број на познатиот магазин „Вог Париз“.
Бразилската манекенка и модел за новото издание на парискиот „Вог“ се соблече гола и покажа зошто е на врвот на најплатените модели за 2013 година!
Жизел, која зад себе има две деца, позирала само во чорапи и патики, а фотографиите ги воодушевиле сите критичари и значајни луѓе во светот на модата.
-Како што им велам на моите сестри, кој не работи напорно на себе, што и да облече, нема да биде како што треба. Јас не се плашам да работам напорно на што и да е во прашање. Секогаш сакам да бидам подобра – изјави Жизел.
Совршено негувана кожа, идеални пропорции, затегнати мускули, тело какво што би посакала секоја девојка. Токму онака како што доликува на ангелите на „Викторија Сикрет“.