Жизел Бундшен (44) е бремена од новиот партнер, 2 години по разводот со Том Брејди, со кого има две деца
- Детали
- вторник, 29 октомври 2024
„Бременоста беше неочекувана. Но, партнерот на Жизел, Хоакин, отсекогаш сакал семејство, па таа е среќна што може да му го подари“, вели извор близок до Жизел, која наводно е во петтиот или шестиот месец од бременоста.
На 44-годишна возраст, Жизел Бундшен очекува дете со партнерот Хоакин Валенте кој е професионален џиу-џицу борач.
Жизел и 35-годишниот Хоакин се заедно од јуни 2023-та, а ја почнаа врската кратко по разводот на моделот и Том Брејди.
Ова е првото дете на Хоакин, додека Жизел веќе има син и ќерка со поранешниот сопруг.
Веста за бременоста ја потврди извор близок до моделот.
„Жизел и Хоакин се среќни за новото поглавје во нивниот живот“, открива изворот за магазинот People.
Наводно, моделот е во петтиот или шестиот месец од бременоста, но засега не сака да ја коментира во јавност.
Минатата недела Жизел беше фотографирана додека излегува од теретана во Мајами.
Таа носи широк блузон, но под него малку се забележува трудничкото стомаче, а изгледа и како да пробува да го скрие со големата чанта.
Жизел не се појави на ревијата на Victoria’s Secret, без разлика што е еден од најпознатите Ангели и сега е јасно дека причината е бременоста.
Според извори на TMZ, Жизел и Хоакин не го знаат полот на бебето и ќе чекаат до породувањето.
Извор на Daily Mail, пак, открива дека Жизел веќе му кажала на Том Брејди за бременоста бидејќи не сакала да дознае од медиумите.
Истиот извор додава дека бременоста не била планирана, но Жизел и Хоакин биле пресреќни.
„Жизел и Хоакин не планираа да имаат дете. Ова беше неочекувано.
Хоакин отсекогаш сакал семејство, па Жизел е среќна што може да му го подари. Таа знае дека тој ќе биде одличен татко. Трпелив е и полн со разбирање“.
И децата на Жизел биле среќни за новиот член во семејството.
„Децата на Жизел се пресреќни. Хоакин е важен дел од нивните животи уште од 2021 година, откако децата почнаа да тренираат џиу-џицу кај него.
Го сакаат и го гледаат како татко. Жизел и Хоакин основаат свое семејство и во иднина можеме да очекуваме и свадба“.
За потсетување, Жизел и Том Брејди се разведоа во 2022-ра, по 13 години брак.
Кон крајот на 2022-ра, се јавија првите гласини за врската на Жизел со сегашниот партнер Хоакин, но моделот негираше.
Ја потврдија врската дури во 2023-та, но тогаш Жизел само кажа дека има дечко, без да го спомне неговото име.
Периодив имаше гласини дека се разделиле, но ова, очигледно, не е точно.
Спирова С. | Црнобело