Северина признава: На почетокот на кариерата немав што да облечам
- Детали
- вторник, 05 ноември 2013
Хрватската пејачка Северина Вучковиќ, иако отсекогаш важи за добро стилизирана жена, призна дека не секогаш имала пари за брендирана гардероба. Сепак, како што таа кажува, добро се чувствувала и во кошулите на мајка си.
„Во своите први спотови како 20-годишно девојче носев комбинезони и кошули. Мајка ми се јавуваше да ми каже дека не е многу среќна што немам што да облечам, а мене сето тоа ми беше страшно шик!“
„Мајка ми беше мој моден пример. Беше многу слатка. Кога ги гледам нејзините фотографии уживам. Се облакувала скромно, во склад со своите примања, но премногу складно. За баба баш и не можам тоа да го кажам затоа што секогаш ја гледав со марама или плетенка на главата. Но, таа беше страшно духовита, па затоа ми е икона на духовитоста,“ изјави Северина во своето најново интервју.