Се верија Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ
- Детали
- четврток, 26 септември 2013
Најдобриот тенисер на денешницата, Новак Ѓоквиќ се вери со својата девојка Јелена Ристиќ, после долга 8-годишна врска, минатиот викенд во Монте Карло.
Таа беше постојан навивач на тениските трибини додека тој растеше од талентиран млад тенисер до врвот на светските тениски листи како број 1 тенисер. Таа беше негов најстрастна навивачка која знаеше да навива најгласно кога победува и да плаче кога губи.
Светските медиуми дури ги нарекуваат српските Вилијам и Кејт.
Се очекува венчавката да ја направат во текот на 2014 година. Ѓоковиќ го промени и својот љубовен статус на Фејсбук.
Во медиумите изјави: „Јелена е љубовта на мојот живот. Искреноста е она што ме воодушевува кај неа од почетокот до денес.Таа е способна, амбициозна и силна девојка. Роџер Федерер ја подобри својата психолошка стабилност откако се ожени, па и и јас се водам по тоа“, се пошегува Ѓоковиќ.