Жизел Бундшен запеа за H&M
- Детали
- вторник, 03 септември 2013
Откако Жизел стана заштитно лице на брендот H&M за оваа сезона, беше објавена нејзината есенска кампања. Но, она што не очекувавме е дека зад сцената ќе запее во чест на оваа кампања.
Бразилскиот супермодел на сите им докажа дека има и интересен глас со изведба на нумерата "All Day And All Of The Night".
„Се надевам дека многумина ќе ја преслушаат мојата изведба“ беше првиот коментар на Жизел во врска со овој најнов чекор.
Кампањата ќе започне со прикажување од 12 септември, а песната ќе можете да ја преземете на официјалниот сајт на брендот.
Целта на кампањата е собирање на парични средства за УНИЦЕФ, што ќе овозможи помош за дечињата ширум светот.