Нови приватни слики од Ријана
- Детали
- недела, 31 мај 2009
Ријана изгледа дека сепак останува со Крис Браун, дечкото кој во февруари оваа година немилосрдно ја истепа во својот автомобил, наводно поради...
...смс порака на неговиот телефон. Судењето само што не започнало, а во јавноста се појавија приватни фотографии во кои убавицата од Барбадос ужива во прегратката на Браун.
Според овие фотографии се шпекулира дека се работи за повторно обновување на врската помеѓу овие две музички ѕвезди, иако пред некое време во јавноста се тврдеше дека Ријана почнала да се гледа со кошаркарот на ЛА Лејкерс. Но, се чини дека Ријана сепак не може да се тргне од Браун.
Вакви шпекулации за Ријана и Браун и порано беа појавени во јавноста, но Ријана ги демантираше. За да го докаже тоа, таа се одлучи да сведочи против својот поранешен, а можеби дури и сегашен дечко.
Што навистина ќе се случи останува да видиме, бидејќи судењето е закажано на 22 јуни.