Детали за свадбата на Џеф Безос и Лорен: Ќе се венчаат во Венеција, одложувале поради огромниот предбрачен договор

Џеф Безос и Лорен Санчез ќе се венчаат летово, во Венеција, а главната церемонија ќе се одржи на јахтата на милијардерот. Тие се свршија во 2023-та, а наводно ја одложувале свадбата поради огромниот предбрачен договор со кој милијардерот сака да си го заштити богатството.

detali-za-svadbata-na-dzhef-bezos-i-loren-kje-se-venchaat-vo-venecija-odlozhuvale-poradi-ogromniot-predbrachen-dogovor-01.jpg

По низа шпекулации изминативе неколку месеци, сега се потврдени дел од деталите за свадбата на Лорен Санчез и Џеф Безос.

55-годишната Лорен и 61-годишниот милијардер ќе се венчаат летоска, во Венеција, а веста ја потврди градоначалникот на италијанскиот град.

Иако првично се зборуваше дека Безос планирал да потроши половина милијарда долари на свадбата, сега градоначалникот откри дека на церемонијата ќе присуствуваат само околу 200 гости.

detali-za-svadbata-na-dzhef-bezos-i-loren-kje-se-venchaat-vo-venecija-odlozhuvale-poradi-ogromniot-predbrachen-dogovor-3.JPG

Засега не е познат точниот датум, но се претпоставува дека прославата ќе трае два-три дена, односно од 24 до 26 јуни.

А, меѓу присутните ќе бидат некои од најпознатите луѓе на планетата, вклучувајќи ги Иванка Трамп, Ким Кардашијан, Крис Џенер, Ева Лонгорија и Опра Винфри.

detali-za-svadbata-na-dzhef-bezos-i-loren-kje-se-venchaat-vo-venecija-odlozhuvale-poradi-ogromniot-predbrachen-dogovor-05.JPG

Градоначалникот додава дека иако ќе биде настан што привлекува внимание, поради малиот број гости, локалците и туристите нема ни да ја забележат свадбата.

„Соработуваме со организаторите за да се осигураме дека настанот нема да ѝ наштети на уникатноста на градот.

Нивниот приоритет е да се осигурат дека градот ќе си функционира нормално, без на некој да му се наруши секојдневието“.

detali-za-svadbata-na-dzhef-bezos-i-loren-kje-se-venchaat-vo-venecija-odlozhuvale-poradi-ogromniot-predbrachen-dogovor-06.JPG

Тој вели и дека големите настани во Венеција, како Филмскиот фестивал, не се ништо ново, па лесно ќе се справат со свадбата на милијардерот.

За Daily Mail, еден од организаторите открива дека за свадбата се резервирани соби во најлуксузните хотели во Венеција, како и гондоли.

Главната церемонија ќе се одржи на јахтата на Безос, која ќе биде закотвена покрај брегот на Венеција.

Венчаницата на Лорен ќе биде дизајнирана од луксузниот бренд Oscar de la Renta.

Според изворите, парот ги испратил поканите за свадбата на почетокот од март.

detali-za-svadbata-na-dzhef-bezos-i-loren-kje-se-venchaat-vo-venecija-odlozhuvale-poradi-ogromniot-predbrachen-dogovor-04.JPG

Претходно, постариот брат на Лорен Санчез изјави дека свадбата ќе биде раскошен настан кој ќе ја надмине и венчавката на принцезата Дијана и кралот Чарлс.

„Пресреќен сум. Настанот ќе биде прекрасен, со многу славни гости и забава“.

Лорен самата откри дека ќе го земе презимето на милијардерот.

detali-za-svadbata-na-dzhef-bezos-i-loren-kje-se-venchaat-vo-venecija-odlozhuvale-poradi-ogromniot-predbrachen-dogovor-02.JPG

За потсетување, Лорен и Џеф ја почнаа врската во 2019 година, кратко по разводот на милијардерот и првата сопруга.

Се свршија во 2023 година, но не споделија никакви детали за свршувачката.

Извесен период се шпекулираше дека ја одложувале свадбата поради предбрачниот договор.

Односно, бидејќи богатството на Џеф Безос се проценува на повеќе од 200 милијарди долари, предбрачниот договор бил премногу комплициран и било потребно време да се изготви.

detali-za-svadbata-na-dzhef-bezos-i-loren-kje-se-venchaat-vo-venecija-odlozhuvale-poradi-ogromniot-predbrachen-dogovor-11.JPG

„Џеф е луд по Лорен и би се венчал со неа и утре доколку може. Но, дознав дека уште работат на предбрачниот договор.

Неговите адвокати не му дозволуваат да направи ништо додека не го изготват договорот“, откри извор за Daily Mail кон крајот на минатата година.

detali-za-svadbata-na-dzhef-bezos-i-loren-kje-se-venchaat-vo-venecija-odlozhuvale-poradi-ogromniot-predbrachen-dogovor-07.JPG

Со првата сопруга, Мекензи, Безос немаше предбрачен договор, па таа доби околу 38 милијарди долари во разводот.

Бидејќи му помогна на Безос во основањето на Amazon, доби и 4% од акциите на компанијата.

Деталите од предбрачниот договор со Лорен не се познати.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои се венчаа без предбрачен договор (и платија скапо за тоа) Џеј Ло не учи од своите грешки – на вториот сопруг му исплати 13 милиони по разв...
Таа го изневери со Џеф Безос, тој ја замени со помлада манекенка: Бившиот на Лорен Санчез ужива со с... Бившиот сопруг на Лорен Санчез си најде нова девојка речиси веднаш по разводот и...
Се венчаа на 18 години, денес е во инвалидска количка: Која е првата сопруга на Меколи Калкин? Меколи Калкин и Рејчел Мајнер се венчаа на 18-годишна возраст. Поради возраста, ...
Познати личности кои драстично ослабеа годинава (и како) Миа Костова откри дека ослабела 17 килограми за 10 месеци со броење калории. Кои...
Чека дете со 27-годишна девојка, ја изневерувал Моника Белучи – Скандалозниот љубовен живот на Винсе... На 57-годишна возраст, Винсент Касел го очекува неговото четврто дете, и тоа со ...
Џенифер Лоренс шета неуредна, Џоли пазари со синот копија на Бред Пит: Фото-докази дека и ѕвездите с... Џенифер Лоренс при крајот на бременоста е сосема непрепознатлива и на папарацо ф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg