Колку килограми имаат ѕвездите?
- Детали
- петок, 19 јули 2013
Се прашувате како сите ѕвезди изгледаат совршено пропорционални, со издолжени секси нозе, одлично обликуван задник и перфектна линија?
Реалноста, не е секогаш како на фотографиите или пред камерите.
Мила Кунис тежи 52 килограми и е висока 157 сантиметри, но признала дека за нејзината улога во “Black Swan” била принудена да изгуби 9 килограми. “Немав никаква линија, ниту задник, ниту гради... Сè што се гледаше беа коските. Сама на себе си делував грозно!”
Клое Кардашијан која е висока 175 сантиметри има околу 74 килограми и сепак изгледа најслабо од сите три Кардашијан сестри. Во последно време таа признава дека е на секојдневна програма за вежбање, практикува добро избалансирана диета и пие многу вода за да ја одржи својата линија.
Адел е висока 175 сантиметри, но таа тежи речиси 90 килограми. Адел е позната по своите облини кои во ниту еден момент не изјавила дека сака да ги намали. “Не сакам да вежбам. Сакам да јадам вкусна храна и да пијам квалитетно вино.”
Блејк Лајви, која е совршено пропорционална девојка има 58 килограми и е висока 172 сантиметри. Таа гордо признала дека речиси никогаш не се потрудила да вежба или да држи строги диети за да го постигне изгледот кој го има денес, туку само му се заблагодарува на брзиот метаболизам. Блејк признава дека има и периоди кога е опседната со храна и сè што прави додека е дома е готвењето.
Ријана има 62 килограми и е висока околу 172 сантиметри и изгледа дека е упорна во тоа да ги задржи своите облини. “Не сакам никогаш да се ослободам од своите облини. Само сакам да ги зголемам, ако е возможно.”
Лејди Гага тежи само 47 килограми и е висока 154 сантиметри. Сепак, пред извесно време на еден нејзин настап таа призна дека накачила речиси 14 килограми, но искрено, дека не и е грижа. Откри дека ужива во италијанската кујна, понекогаш дури и премногу.
Ким Кардашијан пред да остане бремена тежеше 53 килограми, но висока е само 157 сантиметри. Таа имала периоди во животот кога била зависник од брза и нездрава храна, па нејзините килограми во еден момент достигнале 60 килограми.
Џесика Алба тежи 53 килограми и е висока 165 сантиметри. Изгледа како совршено пропорционална девојка, но само затоа што се придржува до строга диета во која ги избегнува мастите и јаглехидатите. Таа признава дека ретко кога консумира леб или слатки, се обидува масното месо да го замени со соја и јаде исклучиво здраво приготвена храна.
Бијонсе е висока точно 170 сантиметри и тежи 58 килограми, дури и откако ја роди Блу Ајви. Таа открила дека симнала цели 20 килограми по својата бременост.
Софија Вергара тежи 56 килограми, а е висока 172 сантиметри, и покрај тоа што во минатото имала голем број на сугестии и коментари околу нејзината тежина. Но сепак, таа признава дека и се допаѓа нејзиното голо тело и тоа и е сосема доволно за сега!