И моделите не се отпорни на целулит (фото)
- Детали
- четврток, 18 јули 2013
Колку пати сте ги гледале совршените фотки на ѕвездите и сте посакале да можете барем еднаш да го постигнете тој изглед без недостатоци? Иако безброј пати се потврдува дека добриот Фотошоп знае како да си ја врши работата, секој пат кога ќе ја откриеме вистината се изненадуваме.
Ова се случи и со американската манекенка и ТВ водителка Клаудија Џордан. Убавицата е позната по своето совршено тело кое гордо го покажува во реклами и едиторијали.
Но, и оваа манекенка се бори со истите проблеми како секоја жена – мини бикинито го истакна нејзиниот заводлив тен и убаво заоблено тело, но и фактот дека не е имуна на целулит (што во денешно време е сосема нормално).
Во прилог уште неколку фотки од модели кои се мачат со масните наслаги: