Ретки фотки од детството на Анџелина Џоли и сличностите со нејзината мајка
- Детали
- понеделник, 15 јули 2013
Пред само неколку часа се појавија никогаш претходно објавени фотографии од Анџелина Џоли и нејзината мајка Маршелин Бертранд, на која очигледно е копија.
Оскаровката Анџелина за прв пат сподели приватни фотографии од детството, со кои привлече огромно внимание. На првите неколку, Анџелина се дружи со својот брат Џејмс и нејзината сакана мајка, која до ден денес е нејзина инспирација.
Полните усни, прекрасната насмевка и кобалтно сините очи не се случајност, туку генетска наследност која овие две дами ги опишува.
Мајката на Џоли била прекрасен модел во многубројни списанија, пред да дознае дека боледува од рак на дојка, од што всушност и починала.
Во неколку наврати Анџелина има изјавено дека таа никогаш нема да биде успешна како нејзината мајка и дека нема да направи ни половина од она што таа го постигнала. Токму поради храброста на младата Маршелин во борбата со ракот, Џоли изјавува дека овие фотографии се во чест на нејзината хероина.