Најпатетични раскинувања кај ѕвездите
- Детали
- петок, 12 јули 2013
Кога доаѓа момент да се прекине врската не секој знае да постапи правилно и со мирен разговор да ја каже вистината за крајот. Многу имаат искуство кога некој ќе им раскине без никакво објаснување.
И популарните не се имуни на ваквото однесување затоа прочитајте за најголемите кукавици меѓу ѕвездите:
Кејти Пери и Расел Бренд Неодамна Кејти Пери откри дека нејзиниот бивши маж после 14 месеци брак ја известил дека сака развод преку СМС порака. |
|
-->
-->
|
Тејлор Свифт и Џо Џонас
-->
Романсата меѓу овие двајца делувала беспрекорно се додека тој не реши да ја остави. Тоа го направил преку телефон во разговор кој траел цели 27 секунди! Пејачката отворено патеше и некои од нејзините најголеми хитови се посветени на него.
-->
|
Мет Дејмон и Мини Драјвер Тие се запознале додека го снимале филмот “Добриот Вил Хантинг“ каде што глумат љубовен пар. Меѓутоа после премиерата Мет Дејмон бил гостин во емисијата на Опра и кога го прашале дали се уште е со неа тој одговорил одречно. Мини до тогаш била уверена дека се е во ред во нејзината врска со Мет. |
|
Џејсон Месник и Мелиса Рајкрофт Кога сме веќе кај раскинувања преку национална телевизија не може да не се спомне овој пар. Двајцата се ѕвезди на американското шоу „The Bachelor“ и во специјалната емисија посветена на нивната љубов, тој и раскина и призна дека е заљубен во друга девојка од истата емисија. |
|
Даниел Деј Луис и Изабел Адани Големата романса меѓу овие два актери се прекинала по 6 години кога таа му соопштила дека очекува негово дете. Џеј Луис кој е познат по својот чуден карактер на таа вест реагирал според неговата репутација, па и пратил факс дека повеќе не можат да бидат заедно. Објаснување никогаш не добила, а тој на почетокот воопшто не ни плаќал алиментација. |