Американската мисица се посрамоти и стекна слава преку ноќ
- Детали
- понеделник, 17 јуни 2013
Мариса Пауел, претставничка на сојузната држава Јута, во саботата на изборот за Мис даде легендарно глупав одговор со кој преку ноќ стана новата интернет сензација.
Поставено и било прашање во кое требала да го објасни ставот кон тоа зошто жените во Америка се послабо платени, кога во дури 40 проценти од семејствата тие се главниот столб кој го издржува.
Мариса малку се збунила и дала чуден одговор кој и донесе слава за само неколку часа.
„Ова можеме да го поврземе со едукацијата и начинот на кој се трудиме да створиме работа. Тоа е најголемиот проблем и мислам дека посебно мажите водат кон сето тоа и треба да смислиме како да створиме подобра едукација за да го решиме овој проблем”, одговорила Мариса.