Џенифер Анистон заплака за Анџелина Џоли
- Детали
- четврток, 23 мај 2013
Анџелина Џоли е во центар на вниманието овие денови заради хируршката интервенција која ја направи, а во која и беа отстранети двете гради за да се спречи евентуално заболување од рак.
Но, освен во јавноста, таа предизвика бура од реакции и кај незините колеги.
На нејзината потресна приказна не остана рамнодушна ни бившата сопруга на нејзиниот маж. Многу луѓе беа погодени од храбриот потег на Анџелина , а Џенифер Анистон која е позната како амбасадорка во борбата против рак на дојка. Таа многу се вознемирила кога ја слушнала приказната на Анџелина и заплакала, бидејќи сфатила дека Анџелина навистина го сака својот маж и децата – наведува извор од еден американски таблоид.
Без разлика на тоа што Анџелина беше главната причина за развод на бракот меѓу Бред Пит и Џенифер Анистон, Џенифер сочувствува со нејзе и ја гледа со почит оваа жена. – се наведува во текстот.
Дали конечно ривалството меѓу овие две актерки е надминато?