Бој Џорџ уживаше во затвор
- Детали
- среда, 13 мај 2009
Британскиот пејач Бој Џорџ пуштен е во понеделник од затвор во кој требаше да одлежи казна од 15 месеци поради злоставување на млад дечко. Некогашниот...
...фронтмен на групата Culture Club, која била многу популарна во осумдесетите години, од затвор излегол само после 4 месеци, однсо 11 месеци порано одколку што му била одредена казната.
Многу послаб и посвеж,наместо кога влегол во затвор на средината на јануари, 47 годишниот Бој Џорџ многу весело ја дочекал слободата, а на многубројните фоторепортери отпздравил во стилот на комичарот Бени Хил.
Поради доброто однесување правосудните власти му дозволиле многу порано да го напушти затворот. Сепак тој цело време ќе биде контролиран од страна на службите.
Џорџ бил осуден поради злоставување ма машка проститутка минатата година. Норвежанецот Аудун Карсена (29) изјавил за полицијата дека после снимањето на порно слики го заврзал со лисици и го”мавал” со ланец.
Повод за да го направи тоа Џорџ било тоа што Карсена му ги украл сликите од компјутерот а во исто време одбил и да спие со него. Карсена исто така кажал дека додека се случувало сето ова и двајцата биле на кокаин.
Бој Џорџ многу години се има лечено од зависност од дрога и алкохол. Но престојот во затвор дефинитивно добро му дошол, затоа што искочил многу поведар, насмеан и со многу подобар изглед од денот кога влегол во затвор.
По излегувањето од затворот на новинарите и кажал дека оди дома да го прослави искачањето од затвор со неговото семејство и дека се радува дека ќе може да испие кафе и да јаде кекси.
Исто така кажал дека НЕМА ДА ИМА ПОВЕЌЕ АЛКОХОЛ.