Најромантичниот момент на Канскиот филмски фестивал: Ричард Гир не престанува да ја бакнува 33 години помладата сопруга

На премиерата на неговиот нов филм на Канскиот филмски фестивал, Ричард Гир (74) и сопругата Алехандра (41) постојано разменуваа нежности и не ги тргаа насмевките од лице.

najromantichniot-moment-na-kanskiot-filmski-festival-richard-gir-ne-prestanuva-da-ja-baknuva-33-godini-pomladata-sopruga-01.jpg

На овогодишното издание на Канскиот филмски фестивал, премиерно беше прикажан новиот филм на Ричард Гир – Oh, Canada.

74-годишниот актер присуствуваше на премиерата со сопруга Алехандра Силва.

najromantichniot-moment-na-kanskiot-filmski-festival-richard-gir-ne-prestanuva-da-ja-baknuva-33-godini-pomladata-sopruga-03.jpg

Актерот не ги тргаше рацете од неговата 41-годишна сопруга и покажа дека по шест години брак, тие уште важат за еден од најсреќните парови во Холивуд.

Додека позираа на црвениот тепих, актерот постојано ја бакнуваше Алехандра, а таа не ја тргаше насмевката од лицето.

najromantichniot-moment-na-kanskiot-filmski-festival-richard-gir-ne-prestanuva-da-ja-baknuva-33-godini-pomladata-sopruga-04.jpg

Ричард и Алехандра се запознале во 2014 година, и тоа во период кога и двајцата минувале низ развод.

Според Алехандра, веднаш се поврзале.

„Се запознавме преку заеднички пријател и кога се погледнавме, почувствуваме сила поврзаност.

Цела вечер не престанавме да се гледаме и оттогаш не сме биле разделени.

Секако, имав сомнежи на почетокот. Но, набрзо сфатив дека ни е судено да бидеме заедно“.

najromantichniot-moment-na-kanskiot-filmski-festival-richard-gir-ne-prestanuva-da-ja-baknuva-33-godini-pomladata-sopruga-02.jpg

Тие се венчаа во 2018 година, а Алехандра вели дека Ричард ѝ го приредил најромантичното запросување:

„Запросувањето беше навистина приватен момент, само за нас двајцата.

Но, можам да ви кажам дека ме побара за жена во најромантичниот хотел што сум го видела, на југот на Франција, и тоа на мојот роденден.

Тој е најскромниот, најчувствителниот и најдарежливиот маж што сум го сретнала“.

najromantichniot-moment-na-kanskiot-filmski-festival-richard-gir-ne-prestanuva-da-ja-baknuva-33-godini-pomladata-sopruga-05.jpg

Ни Ричард не штеди на комплименти кога зборува за сопругата:

„Јас сум најсреќниот маж во универзумот. И, како да не бидам?

Во брак сум со убава жена која е паметна, чувствителна, сака да им помага на другите, забавна е, знае да простува и е одлична готвачка!“

najromantichniot-moment-na-kanskiot-filmski-festival-richard-gir-ne-prestanuva-da-ja-baknuva-33-godini-pomladata-sopruga-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Холивудски ѕвезди кои глумеле со своите деца или родители во ист филм Дали знаете дека Румер Вилис како дете глумела во ист филм со нејзината славна м...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Николас Кејџ никогаш посреќен со 31 годинa помладата сопруга + детали за 4-те пропаднати бракови на ... Иако е во брак со 31 година помлада жена, ова не е најскандалозниот брак на Нико...
Првата сопруга на Принц: Ја посвои на 16 години, на 19 ѝ ја одзеде невиноста, смртта на синот им го ... Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старате...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg