Mrs. Carter Show е копија на Џеј Ло?!
- Детали
- петок, 19 април 2013
Светската поп дива Бијонсе, неделава ја започна својата турнеја во Белград. Иако сите се воодушевени од спектаклот во понеделникот, откако полека се смирија страстите, следеше и објективна анализа на концертот.
Први на ред – костимите и аутфитот на Бијонсе.
Фановите на латино дивата Џенифер Лопез која исто така одржа концерт во Белград неодамна, направија интересен колаж на гардеробата која ја носеше Џеј Ло – сличностите со костимите на Бијонсе (случајно или не) се очигледни.
Бијонсе често пати е обвинувана за неоригиналност – па оние кои не ја сакаат многу често ја нарекуваат и Copyonce.
Фотките од концертот на Бијонсе во Белград можете да ги погледнете овде.