Ријана ги остави фановите да чекаат цели 2 часа
- Детали
- вторник, 19 март 2013
На нејзиниот последен концерт во Монтреал Ријана задоцнила цели 2 часа, а за чудо нејзините 17.200 фанови не се помрднале од место.
Фановите останале зачудени после цели 2 часа чекање кога таа започнала со концертот најнормално, па дури и без поздрав.
По минато неделните откажани концерти во Бостон и Балтимор, нејзините најблиски тврдеа дека таа цели 2 часа се борела со здравјето, но на крај сепак решила да настапи.
Така што, блиските извори не оставија многу простор за дискусија, па затоа верните фанови на Ријана не дознаа што точно се случило.
И покрај доцнењето, шоуто кое Ријана им го подготви било неверојатно. И таа самата на Твитер напиша со огромна благодарност: „Вие бевте мојот живот вчера! Ви благодарам, бевте неверојатни!“