Ријана е жртва на демнач во Барбадос
- Детали
- понеделник, 24 декември 2012
Додека Ријана се обидувала да ужива во нејзината луксузна вила на Барбадос за време на празниците, тоа уживање било попречено од еден демнач кој таа самата го забележала.
Додека таа се забавувала со нејзините пријатели, забележала како во нејзиниот двор, непосредно во нивна близина успеал да дојде анонимен човек.
Таа веднаш го пријавила случајот, иако нејзините пријатели тврдат дека човекот не изгледал воопшто опасно.
Објаснувањето на Ријана било: „Можеби не изгледаше опасно или пак не дојде со никаква намера, но едноставно беше премногу блиску за да се чувствувам удобно.”
И покрај ваквиот инцидент, Ријана не престанува да провоцира и да ужива во удобностите кои славата и ги нуди.
Погледнете како изгледа нејзината најнова слика објавена неодамна.